Германскиот репрезентативец со турско потекло, Месут Озил повторно е заљубен и тоа ни повеќе ни помалку туку во Мисот на Турција за 2014 година, Амине Ѓулше.
Пред неколку дена истанбулските папараци го уловиле Озил со новата девојка, а во турските медиуми веднаш се појави веста дека 22-годишната убавица е новата придружничка на Озил.
Убавата Амине ја нарекуваат турската Ирина Шајк бидејќи со својата појава таа неверојатно потсетува на поранешната девојка на Кристијано Роналдо.
Месут Озил често ги менува девојките и има бурен љубовен живот. Додека сеуште играше во Германија тој беше во врска со неколку години постарата на Марија Лагерблон, сестра на познатата германска пејачка, Сара Конор. Таа тогаш сеуште беше во брак со поранешниот фудбалер на Вердер, Пека Лагерблон со кого има и син. Сепак врската траеше само една година бидејќи по преселбата на Озил во Реал Мадрид прекрасната Марија не успеала да се прилагоди на животот во главниот град на Шпанија.
Озил имаше и кратка врска со познатата убавица од Венецуела, Аида Јеспика. Нејзиното место набрзо потоа го зазеде германската пејачка и топ-модел Менди Капристо. Но, лани нивната љубовна идила заврши со бурна разделба откако поранешниот играч на Баерн, Кристијан Лел, јавно го обвини Озил дека имал врска со неговата девојка Мелани Рикингер. Кога аферата се појави во медиумите, Менди Капристо си ги собрала работите и го напуштила нивниот дом во Лондон.
Но, Озил не останува долго без женско друштво, па сега си најде утеха во прегратките на турската убавица Амине Ѓулше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.