| четврток, 6 декември 2018 |

Шварценегер починал или на повидок е нова холивудска лага

arnold-rip-659x330Вистински скандал е на пат да се појави во САД, откако еден американски интернет портал објави вест дека Арнолд Шварценегер е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Веста за смртта на актерот предизвика десетици коментари на револтирани граѓани, од кои некои откриваат дека штотуку го виделе Шварценегер на велосипед како се шета крај Холивуд.

Информацијата не е потврдена ниту од полицијата, ниту од блиските на семејството на Шварценегер. Инаку, актерот бил забележан вчера како руча со продуцентот на „Непобедливите“ во врска со евентуалното излегување на четвртиот дел од филмот. Жртви на лажни информации за починувања до сега беа многумина славни во Холувуд.

Порталот пишува дека полициски тим на повик од непозната жена влегла во резиденцијата на Шварценегер, каде го откриле мртвото тело во креветот. Според изданието, кое го цитира шефот на полицијата во Лос Анџелес, Шварценегер е откриен во спалната соба во средата околу 21.30 по локално време. Извор близок до семејството исто ја потврдил смртта, пишува уште сајтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top