| четврток, 6 декември 2018 |

Шварци се врати!

Актерот и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер излезе од болницата во Лос Анџелес каде што направи операција на срцето, изјави неговиот портпарол.

Седумдесетгодишниот актер, кој од синоќа е пуштен дома, се чувствува многу добро. Шварценегер беше опериран на 29 март.

Беше примен во болница поради замена на срцевиот залисток вграден 1997 година поради срцева мана, но таа помалку инвазивна процедура не успеала и лекарите се одлучиле да му го оперираат срцето.

Поранешниот гувернер и ѕвездата на акционите филмови, од болницата Сидар-Синај во понеделникот на твитер објави:

– Точно е, се вратив. Заспав со очекување дека ќе се разбудам со мал рез, а се разбудив со голем – но знаете што, се разбудив, и на тоа нешто треба да сум благодарен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top