| четврток, 6 декември 2018 |

Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)

Мег Рајан (56) некогаш беше интересна со нејзината витка линија и беше пожела. Но, денеска баш и не е. постојано ја прозиваат таблоидите бидејќи е преслаба.

Слична е состојбата и на Мелани Грифит (60). И не е доволно да се фотографираат актерите во опуштена прошетка низ град кога не работат. Не, фотографиите се зголемуваат за да можеме од блиску да видиме нешто невидено: брчки, опушетена кожа…

Исто така во Холивуд не е баш добро да бидете стари. Под стари се подразбира да не сте постари од 25 години или ако веќе сте, тогаш немојте да изгледате како да сте постари од 25. На пример ако сте Марша Крос и сте успрешна актерка која наполнила 55 години немојте да ги покажувате нозете кои не се совршено мазни бидејќи сите ќе бидат згрозени.

Ако не сте совршени-а знаеме дека тоа не постои, тогаш морате да се фотошопирате бидејќи никој не сака да го гледа вашиот целулит. А ако премногу се фотошопирате-е тогаш повторно сте лош пример и лажете.

Ако сте супермодел, како Ел Мекфирсон (53) или Синди Крафорд (51) и светот ќе сфати дека немате затегната кожа иста како онаа на насловната од магазинот, можете да очекувате колективно згорзување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top