Според скалата за кредитниот рејтинг агенцијата “СС” значи висока веројатност за банкрот, “Ц” – банкротот е неизбежен. Притоа украинскиот премиер Арсениј Јаценјук изјави дека по постигнувањето на договорот за отпишување на долговите на земјата ќе го избегнел банкротот, кој е “така очекуван од непријателите“. Истовремено со тоа Киев ја замоли Москва да го следи примерот на меѓународните кредитори, на што рускиот министер за финансии Антон Силуанов одговори со одбивање. Украина постигна договор со приватните си кредитори за отпишување на 20% од надворешниот долг. Тоа се околу 3.8 милијарди долари од вкупно 19,3 милијарди долари долг, пренесоа агенциите, повикувајќи се на украинскиот министер за финансии Наталија Јореско. Таа објасни дека исплатата на преостанатите 15,5 милијарди долари ќе биде одложено до 2019 година
-Украина постигна договор со доверителите, поради што во земјата нема да биде објавен банкрот- изјави украинскиот премиер Арсениј Јаценјук на седница на Владата пред шест месеци. Приватните кредитори одлучија да го поедностават долгот со 20 проценти, според голем број мислења заштедените пари ќе одат за воени потреби и социјалниот сектор. Русија нема да учествува во преструктуирање на украинскиот долг, соопшти Блумберг, повикувајќи се на изјава на рускиот министер за финансии Антон Силуанов.Москва не се согласува да отпише 20% од вкупно 3 милијарди. Долари, кои Киев и ги должи.
-Договорот меѓу Украина и кредиторите ќе помогне да се исполни програмата за реформи во замена за кредити- изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.
Пред крајот на годината Европската комисија ќе предложи намалувањет на визите за украинските граѓани, соопшти претседателот Жан-Клод Јункер на средбата со претседателот на Украина Петро Порошенко во Брисел, соопшти ” Обзервер”. “Останува да се постигне напредок во уште некои сфери како што е борбата против корупцијата. Ако Украина ги исполни сите барања поставени од Европската комисија, таа ќе даде позитивна оценка. Ако постои овој напредок и за секунда не се сомневам дека земјите членки ќе го поддржат нашиот предлог за олеснување на визниот режим “, изјави Јункер. Никакви маневри за одложување нема да влијаат на ЕК за примена на Зоната за слободна трговија со Украина ,од 1 јануари следната година, додаде Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.