Во културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска, во 13 часот, беше отворена традиционалната изложба за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.
А. ден Долард е еден од најзначајните промотори на Македонија во неговата земја. Тој во еден период од речиси половина век преку своите книги и новинарски написи ја известуваше холандската читателска јавност за природните и за културните вредности, но и за животот во Македонија. Со тоа се смета за заслужен за привлекувањето на првите холандски туристи во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.