Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство од динамичната соработка во регионот на Западен Балкан, нагласувајќи дека ЕУ мора да даде поддршка за надежта и иднината на регионот, што веќе и го прави.
Меркел, на конференција за новинари по завршување на Самитот за Западен Балкан, истакна дека премиерите на земјите од регионот, без присуство на австрискиот и германскиот канцелар, како и претставник на Европската комисија, имале средба и разговарале за проблемите.
– Благодарение на тоа сега имаме низа резултати, како што е денешното потпушување на договорот за размена на млади. Мораме да ја поддржиме надежта и иднината на регионот, а тоа ЕУ веќе го прави, истакна Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.