| четврток, 6 декември 2018 |

Растат приходите од туризам во Словенија

словенија

Словенија во првата половина на 2015 година, евидентираше речиси 4,1 милион туристички ноќевања, 7 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Во првата половина на годината, туристичките објекти во Словенија дочекаа над 1,5 милиони туристи, 10 отсто повеќе на годишно ниво, соопшти словенечкиот Завод за статистика.

Бројот на странските туристи во тој период порасна 8 отсто, а на домашните 11 отсто, додека бројот на ноќевањата на странските туристи порасна 8 отсто, а на домашните 6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top