| четврток, 6 декември 2018 |

Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)

Дека на Грците странските јазици не им се посилна страна, знаат сите кои минале барем едно лето во оваа
земја. Пример е знакот со известување за дневен излет напишан на сосема нејасен српски јазик.
За жал, Грците користеле „Гугл транслејт“ за превод, па многумина од гостите биле согласни дека полесно би се
снашле доколку напишаното било на грчки јазик.

„Одлазак од где портабле“, е првата реченица што туристите можат да ја прочитаат.


Потоа следат зборовите свет, макаронија, село, храст, козметика, оранж, вино.
Да биде ситуацијата уште позбунувачка, може да се забележи и превод на италијански јазик, кој исто така бил
неразбирлив како и српскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top