| четврток, 6 декември 2018 |

Љоренте се враќа во Примиера дивизија во дресот на Севилја

Шпанскиот центарфор Фернандо Љоренте ќе го напушти Јувентус до крајот на летниот преоден рок и ќе се пресели во редовите на Севилја.
Според радиото „Кадена“ трансферот за кој се шпекулира неколку месеци веќе е завршен, а Јувентус ќе добие 10 милиони евра за услугите на напаѓачот.

Актуелниот освојувач на Лига Европа ова лето остана без Карлос Бака кој што замина во Милан, а во своите редови го донесе Чиро Имобиле, но во Љоренте гледа идеална опција за нападот.

Покрај Севилја, за Баскиецот летово се интересираа и Порто, Арсенал, Кристал Палас и Реал Мадрид, но реши да го облече дресот на Севилја. Во изминатите две сезони, за Јувентус настапи на 65 натпревари на кои постигна 23 гола. Потпишување на договорот се очекува до крајот на неделата, но сеуште нема официјална информација од двата клуба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top