Тоа е двегодишно растение кое има релативно кратка вегетација. Цвеклото е растение од ладните региони и семето почнува да ‘рти на температура од пет Целзиусови степени, додека на температура од десет Целзиусови степени никнува за десет дена. Младите растенија поднесуваат температури од минус три до минус четири степени. Тоа може да поднесе кратки мразеви од минус два до минус четири степени. Оптималната температура за раст и развој се движи од 15 до 23 степени, а температури под 10 и над 30 степени го забавуваат растот.
Цвеклото бара многу светлина и поради тоа не се препорачува да се одгледува меѓу посев. Водата во првите фази на развојот е потребна, а во подоцнежните фази потребите за вода се умерени. Тоа треба да се наводнува во летниот период од јуни до август, кога посевот има добро развиена лисна маса.
Обработката на почвата е многу важна за да може задебелениот корен на цвеклото добро да се развие оттаму и затоа треба да се направи растресит длабок ораничен слој на почва. Длабочината на орањето за цвеклото треба да биде 30 сантиметри. Основната обработка на почвата се изведува уште наесен, со претходниот посев, и тоа на длабочина од 10 до 20 сантиметри. Пред сеидбата се врши комплексна почвена обработка.
За разлика од другите зеленчукови култури, цвеклото најдобро го искористува фосфорот, поради што се препорачува мешавина од ѓубрива кои го содржат овој елемент. Сеењето се изведува директно од семе кое за побрзо никнување се потопува во млака вода со температура 22-23 степени во траење од два дена. Потоа семето се суши и се сее. Тоа може да се третира со биостимулатори и да се дезинфицира. Цвеклото се сее со меѓуредово растојание од 45 до 50 сантиметри, а во редот од десет до пет сантиметри.
Проредувањето на растенијата се врши машински, но доколку посевот не е густ, тоа може да се направи во подоцните фази од 40. до 50. ден со пробна берба. Меѓуредовата обработка може да се врши по секоја берба, по секое наводнување или појак дожд. Длабочината на обработката треба да биде од три до пет сантиметри.
Бербата може да биде рачна и машинска. Доколку цвеклото се чува, треба да се планира да се остават лисни дршки во должина од два сантиметри. При услови на чување со влажност од 96 до 100 отсто и температура близу нула Целзиусови степени, тоа може да се чува до пет месеци, а во контролирани услови со контролирана вентилација и до осум месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности