| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ: Сакам да бидам како Надал!

Најдобрата српска тенисерка мотивација црпи од најдобриот шпански тенисер во историјата, Рафаел Надал. Таа ги разочара српските тениски фанови со оваа изјава бидејќи не го посочи Новак Ѓоковиќ.
Ивановиќ изјави дека на теренот сака да даде се од себе како што тоа го прави Надал. Таа се подготвува за престојниот грен-слем Отвореното првенство на САД, и посакува да одигра што подобар турнир. Ивановиќ за новинарите изјави дека дека треба да ја подобри играта ако сака да учествува во самата завршница во Њујорк.

– Да имав повеќе сила во вториот и во третиот сет, можев да победам. Очигледно е дека треба да ја поправам играта за да можам да победам играч како Серена – истакнува Ивановиќ.

На почетокот од годинава, Ивановиќ го скрши прстот на ногата и оваа повреда и го поремети ритамот во настапите.

– Тоа беше несреќен инцидент. Поради повредата морав два-три месеци да играм и да тренирам со болка. Почувствував дека не сум во форма и го загубив ритамот. Напорно тренирам за да ја подобрам кондицијата. Последниот дел од сезоната секогаш е важен за мене – вели српската тенисерка.

Ивановиќ признава дека му се восхитува на Рафаел Надал и тој и е пример во работата.

– Единстевно што можам да ветам е дека ќе дадам се од себе. За жал, победите не доаѓаат секогаш. Не можам да гарантирам дека ќе победам, но ќе дадам сто проценти од себе. Пример за тоа ми е Рафаел Надал. Тој е играч на кој му се воодушевувам. Тој секогаш дава максимум од себе – нагласува Ана Ивановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top