Новак Ѓоковиќ ќе снима филм за Никола Тесла. Филмот за големиот научник, славниот Ноле ќе го снима заедно со продуцентот од Холивуд Гордон Бијелониќ.
Бијелониќ, кој потекнува од поранешна СФРЈ го прифати повикот на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ заедно да го снимаат филмот за Никола Тесла.
Пријателката на Новак, Мирјана Сладиќ и поранешниот тенисер Душан Вемиќ ги споија Новак и Гордон, кои во вторникот во Њујорк склопија договор да снимаат филм за Никола Тесла.
Новак пред Вимблдон во изјава за британските медиуми навести дека подготвува големо изненадување поврзано за научникот Никола Тесла.
Во главата имам проект за Никола Тесла кој што ќе се оствари еден ден, а се надевам наскоро. На пат е нешто големо. Се во тоа што треба да се биде свесен колку направил тој за цивилизацијата. Секогаш беше горд на соспствените српски корени, а луѓето незнаат премногу за него. Се обидувам да им појаснам на луѓето дека благодарение на него имаме светло. Откривањето на наизменичната струја доведе до тоа, изјави во јуни Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!
-
Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување