Македонската кошаркарска репрезентација доживеа уште еден поубедлив пораз во рамките од подготовките за Европско првенство.
Во вториот натпревар со Шпанија, Гасол и другарите беа немилосрдни кон нашите репрезентативци и вечерва славеа уште поубедлив триумф со 34 поени разлика (88-54).
„Црвената фурија“ фуризно го започна и овој натпревар и веднаш на почетокот се одлепи и направи недостижна предност уште во првата четвртина (27-15). Избраниците на селекторот Марјан Србиновски единствено во почетните минути од вториот период најдоа против игра на Шпанците, но тоа беше се што сторија во текот на целиот меч.
Едноставно незадржлив беше НБА ѕвездата По Гасол кој мечот го заврши со 26 поени и 13 скока за помалку од 30 минути игра.
Во нашиот состав се издвојуваа Војдан Стојановски со 10 и Хендрикс со девет поени. Седум поени имаше Самарџиски, а по шест поени Ѓуровски и Симоновски.
Покрај Гасол во редовите на Шпанија се истакнаа и Еметерио со 15 поени и Никола Миротиќ кој дуелот го заврши со 14 коша.
По овие натпревари во Шпанија, македонската репрезентација патува за Рига, Летонија каде ќе одигра уште два контролни меча, па тоа се враќа во дома на заврши подготовки пред Европското првенство во Загреб кое започнува на 5.септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.