Ракометниот вицешампион на Европа екипата на Веспрем е победник на реномираниот летен турнир „Еуротурнои“ кој традиционално се одржува во Стразбур.
Во финалето унгарскиот шампион го победи засилениот ПСЖ со 31-30. Трагичар за парискиот тим беше Данецот Микел Хансен кој промаши за изедначување во последните секунди од натпреварот.
Гашпер Маргуч постигна седум, а Момир Илиќ шест гола за Веспрем. Никола Карабатиќ и Микел Хансен со по седум погоци беа најефикасни во составот на ПСЖ.
Третото место на турнирот го освои францускиот Монпеље со победата на Кадетен Шафхаузен со 38:26. Ла Риоха заврши на петото место по триумфот на пенали над Шамбери (34:31, 30:30). Францускиот тим кој од клупата го предводи селекторот на Македонија, Ивица Обрван, остана последен без победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.