| четврток, 6 декември 2018 |

РФМ ја менува одлуката, новите цени за лиценци за странски играчи ќе важат од следната сезона

rfm

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение до јавноста попладнево информираше дека, откако е пристигнато барање од четири домашни клуба за ревидирање на одлуката за покачување на надоместокот за лиценца за странските играчи, УО на РФМ одлучи дополнително оваа одлука да важи од следната зеона, 2016/2017.

Соопштението од РФМ ви го пренесуваме во целост:

Врзано со одлуката за покачување на надоместокот за лиценца за странските играчи во ракометните клубови во Македонија од 1000 на 1500 евра (во денарска против-вредност) за сезоната 2015/2016 донесена на 22 август 2015 г. на редовна седница на УО, Ракометната Федерација на Македонија на 24 август 2015 г. доби писмено барање од: ,,РК Макс Струмица”, ,,РК Прилеп 2010”, ,,РК Пелистер Битола” и ,,РК Охрид 2013” за ревидирање на истата, односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.

Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, како и реакцијата на РК Вардар испратена до медиумите, раководството на Ракометната Федерација на Македонија, испрати барање до членовите на Управниот одбор за постапување согласно наведеното.

Поради итноста за донесување одлука, согласно Член 35 од ,,Статутот на РФМ“, како и Член 3, точка 11 од ,,Законот за здруженија и фондации“ (Службен Весник на РМ бр. 52 од 16 април 2010г.), Управниот одбор на РФМ се согласи одлуката за покачување на надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија на 1500 евра да стапи на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.

Би ја искористиле оваа прилика да напоменеме дека Ракометната Федерација на Македонија е отворена во секое време за дијалог со сите ракометни клубови во Република Македонија на сите релевантни ракометни теми, и како и до сега, ќе дадеме сè за создавање атмосфера во која сите ќе можат да напредуваат, но таа комуникација очекуваме да биде двонасочна, бидејќи, сепак клубовите се оние кои се базата од која потекнуваат квалитетни национални репрезентативци кои достојно (ќе) ги бранат боите на Македонија.

Спортски поздрав, Ракометна Федерација на Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top