Лидерот на парламентарната група Популарно единство Панајотис Лафазанис денеска од претседателот Прокопис Павлопулос го доби третиот и последен мандат да формира влада на Грција.
Павлопулос го информира дека мандатот трае три дена и завршува во четврток на 27 август.
Лафазанис, пак, изјави дека ќе го употреби мандатот за да покаже дека на земјата ѝ треба антимеморандумска влада.
По заминувањето од кабинетот на претседателот, Лафазанис остро ја напрадна Владата на Ципрас велејќи дека прибегнување кон избори по итна процедура е показател за екстремен антидемократски став.
– Му кажав на претседателот на земјата да не учествува во итно гласање. Претседателот не е претставник на Владата. Тој му полага сметки и е одговорен пред грчкиот народ – рече лидерот на Популарно единство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.