| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Ќе почекам Роџер да се пензионира за да го освојам Синсинати

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја пропушти шансата синоќа во финалето на Мастерсот во Синсинати да дојде до единствениот турнир од мастерс серијата која му недостасува во неговите витрини и да влезе во историјата како единствен тенисер на кого тоа му пошло од рака.
Ноле по третпат загуби од Федерер во финалињата на Синсинати, вкупно петпати не успева, и по натпреварот се пошегува и беше искрен во изјавите.

– Му честитам на Роџер за заслужената титула. Играше одлично цела недела – изјави Ѓоковиќ притоа осврнувајќи се на фактот дека загуби и во петтото финале во овој американски град.

– Ете, и петти пат сум поразен во финалето и не успевам да ја освојам титулата тука. Ќе мора очигледно да почекам Федерер да се пензионира. Шега на страна – многу го сакам овој трофеј и ќе се вратам следната година да се обидам да го освојам – додаде Ноле.

Ваквата констатација на најдобриот светски тенисер не ја премолче „кралот“ на тенисот Федерер кој ја освои и седмата титула во Синсинати.

Western and Southern Open tennis

– Новак е извонреден тенисер, и секако е задоволство кога ќе се победи најдобриот. Но, може да кажам. Сигурен сум дека Ѓоковиќ еден ден ќе го освои Синсинати, и пред јас да се пензиониран. Затоа што заслужува – рече Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top