| четврток, 6 декември 2018 |

Доминацијата на Хамилтон продолжува, нова победа на „Спа“

Belgium Formula One Grand Prix

Британскиот возач од тимот на Мерцедес и актуелен шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, продолжува со својата доминација и во оваа сезона, откако денеска успеа да слави победа на легендерната патека во Белгија, „Спа“.
Хамилтон ја искористи пол-позицијата и во ниту еден момент не им дозоволи на конкурентите да се понадеваат на насловот. Со новата победа ја зголеми предноста пред клупскиот колега Нико Розберг на 28 бода.
Розберг кој стартуваше од втората позиција, имаше лош старт и по само неколку моменти падна на петтото место. Сепак до крајот на трката успеа да стигне до втората позиција и да се искачи на пиедесталот.

Belgium Formula One Grand Prix

Најголем малер на трката дефинитивно е Себастијан Фетел. Германецот се реши за тактика со едно влегување во пит-стоп и беше на добар пат да го освои третото место, но во препоследниот круг поради пукање на еден од пневматиците остана без пласман на белгиското гран-при. Ова значеше освојување на третата позиција за Роман Грожан, пред Данил Квјат со Ред бул и Серхио Перез од Форс Индија.

Пласман на трката за ГН на Белгија:

1. Луис Хамилтон, 2. Нико Розберг, 3. Ромен Грожан, 4. Данил Квјат, 5. Серхио Перез, 6. Фелипе Маса, 7. Кими Раиконен, 8. Макс Ферстапен, 9. Валтери Ботас, 10. Маркус Ериксон.

Генерален пласман:

Луис Хамилтон 227, Нико Розберг 199, Себастијан Фетел 160 бода…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top