| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер не е за „старо железо“, го победи Мареј за седмото финале на Синсинати

Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер се пласираше во своето седмо финале на мастерс-турнирот во Синсинати победувајќи го минатонеделниот освојувач на Роџерс купот Енди Мареј со 2-0 (6-4, 7-6) во сетови.
Швајцарецот без поголеми проблеми славеше победа, иако според бројките во сетови и неизвесноста низ гемовите тоа не ја отсликува реаланата состојба на теренот, бидејќи Федерер ја имаше комплетна контрола на играта и на резултатот.

Во финалето Федерер ќе се сретне со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ кој во првото полуфинале го совлада во драматичен меч, со пресврт, Украинецот Долгополов.

Western and Southern Open tennis

Досега во својата кариера Федерер нема почувствувано пораз во финалето во Синсинати бидејќи во претходните шест финалиња истотолку пати и го освоил, вклучувајќи ги и двете титули против утрешниот противник.
Ѓоковиќ има посебен мотив за утре бидејќи доколку го освои овој турнир ќе биде единствениот тенисер во светот кој успеал да слави на сите мастерс-турнири што се организираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top