На Мастерсот во Синсинати познати се двете полуфнални двојки, откако доцна синоќа последната четврфинална пресметка ја доби Роџер Федерер победувајќи го Фелицијано Лопез, лесно со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови.
Мечот траеше само 62 минути, Федерер во првиот сет на свој сервис загуби само четири поени, а клучниот брејк го направи во шестиот гем што му беше доволно за водство од 1-0. Во вториот сет, Лопез даде малку поголем отпор, но освен тоа што во шестиот гем поведе со 0-40 на сервис на Федерер, не успеа ништо повеќе. Во следниот гем Швајцарецот направи брејк и потоа ја запечати победата.
Енди Мареј малку потешко од очекувањата славеше на одличниот Французин Ришар Гасќе со 2-1 откако францускиот тенисер најпрвин го доби првиот сет со 6-4. Мареј ја консолидира играта во вториот сет (6-1)и експресно го израмни резутатот.
Во третиот сет Британецот се очекуваше да продолжи со добрата игра, рано направи брејк на сервис на Гасќе, но Французинот не се предаде се до 10 сет кога мораше да честита на денеска подобриот Мареј.
Второто полуфинале го сочинувааат Новак Ѓоковиќ и Александр Дологополов откако Ѓоковиќ буквално го збриша актуелниот шампион на Ролан Гарос, Станислас Вавринка со 2-0 (6-4, 6-1) за помалку од еден час игра.
Дологополов истотака без поголеми проблеми славеше над Томаш Бердих до 6-4 и 6-2, и закажа меч со првиот светски рекет.
Суперполуфиналето меѓу Федерер и Мареј е закажано за вечерва во 20.30 часот, а претходно Ноле и Долгополов ќе се обидат да се пласираат во финалето во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.