| четврток, 6 декември 2018 |

Друловиќ: Проблемот останува ист, дел од репрезентативците не настапуваат за своите клубови

selektor

Селекторот на сениорската репрезентација во фудбал, Љубинко Друловиќ денеска официјално го презентираше списокот од 21 фудбалер за престјните квалификациски натпревари за Европското првенство 206 година, против Луксембург и Шпанија.
Тој како сериозен проблем го потенцираше фактот што многу од репрезентативците не се стандардни во своите клубови или пак нивните првенства каде што настапуваат сеуште не се започнати.

ljubinko drulovic

– Повикавме 21 фудбалер, но има простор за уште еден или двајца да добијат дополнителен повик. Почеток е на сезоната, некои играчи менуваат средина, дел од првенствата не се почнати , па сето тоа можеби создава одредени проблеми. Проблем е и што дел од играчите не играат за своите клубови. Што се однесува до Адеми, и покрај повредата, тој треба да заздрави комплетно во следните 7-8 дена, па очекувам максимално подготвен да го дочека собирот. Тој е важна алка во репрезентацијата и во Динамо Загреб. Оди во прилог што неговиот клуб постигна одличен резултат на првиот натпревар од квалификациите за Лига на Шампиони и се надевам дека нама да има потреба да настапи и на мечот во Загреб – истакна Друловиќ по соопштувањето на списокот.

На новиот репрезентативен собир ќе има место и за тројца фудбалери на Работнички.

Играчите на Работнички се наметнаа сега со игрите во Европа. Играат одлично и апсолутно заслужија повик – коментира македонскиот селектор.

Што се однесува до првиот, од двата септемвриски натпревари кои не очекуваат, оној против Луксембур, Друловиќ со став.

– Во модерниот фудбал нема слаби противници, и нема лесни победи. Добро го анализиравме Луксембург, ја гледав и средбата на која Македонија победи со 3-2 во Скопје, па сигурно мора да кажам дека е важно да дојдеме до позитивен резултат – вели предводникот на националниот тим.

На прашањето на новинарите за иднината на Пандев во националниот состав, селекторот прокоментира.

– Вратите за Пандев во репрезентацијата се секогаш отворени. И во последниот разговор кој го имав со него, а и претходно комуникацијата меѓу Ќириќ и Пандев, останува на тоа дека тој посакува да се избори со формата и местото во Џенова и секако посакува еден ден да се врати во репрезентацијата. Замоли да биде отсутен и на овие две средби бидејќи сеуште не е добро физички па и психички подготвен за враќање во националиот состав – додаде Друловиќ.

Околу долго најавуваниот повик за Урош Матиќ од холандска НАЦ Бреда, менаџерот на А репрезентацијата, Саша Ќириќ информира дека има проблеми околу процедурата во ФИФА.

sasa kiric

– Процедурата околу Матиќ е заглавена во ФИФА, а слично е и со голманот Давид Нилсен Митов од Норчепинг. Има најава дека следната недела ќе има средба на Комисијата во ФИФА, па можеби ќе бидат разрешени некои нешта околу добивањето дозвола за настап во македонската репрезентација – истакна менаџерот на репрезентацијата Саша Ќириќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top