Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ, потешко од очекувањата го мина второто коло на мастерс-турнирот во Синсинати. Србинот успеа со целосен пресврт во третиот сет да слави над Давид Гофан од Белгија со 2-1 (6-4, 2-6, 6-3).
рвиот носител славеше во првиот сет со 6-4, по што дојде до голем пад во неговата игра, па Гофан не само што го доби вториот сет со 2-6, туку и направи два брејка на стартот од третиот сет и имаше свој сервис и 3-0 во гемови.
Ноле беше на работ од бездната, но покажа зошто е најдобар тенисер во светот успевајќи да врзе дури шест гема во серија и да слави во мечот.
Трофејот во Синсинати е единствениот што Ѓоковиќ не успеал да го освои во својата кариера од мастерс серијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


