Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во однос на идејата за електронско регистрирање на сите гласачи во Македонија преку отисок рече дека е прифатлива, не само за овие туку и за сите следни избори.
– Ние немаме проблем со предложената регистрација за гласање со отисок, напротив сме за. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да има регистрација на изборите со електронски отисок на секој гласач не само пред овие избори, туку пред секои наредни. Да има електронски отисок на секој гласач при регистрацијата и при гласањето за да не може утре некој нас да не обвинува дека илјади гласови сме украле, 150 илјади гласови биле фантомски…, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на дебарско-реканскиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%