| четврток, 6 декември 2018 |

Во изборната кампања се користеле и лажни прифили на социјалните мрежи

 Во текот на предизборната кампања, биле регистрирани случаи на отварање лажни профили на кандидатите за градоначалници на социјалните мрежи, но и креирање на фан страници на кои се пласирале навредливи содржини во име на кандидатите, велат од Дирекцијата за заштита на личните податоци, пишува 24вести.

Од Дирекцијата велат дека за време на самиот изборен процес не била поднесена ниту една претставка од страна на граѓаните. За разлика од Дирекцијата за заштита на лични податоци, за денот на изборите до ДИК биле поднесени над 400 претставки по различни основи.

Со оглед на бројот на претставки кои стигнале до ДИК, од Дирекцијата сметаат дека најверојатно се работи за неинформираност на граѓаните, бидејќи како единствена институција надлежна за изборниот процес ја гледаат само ДИК.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top