Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз во подготвителниот период за Евробаскетот откако на турнирот во Литванија беше поразена од Турција со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14)
Нашиот национален состав успеа да им парира на Турците само во првиот период од играта, и во продолжение од мечот немаше решение за разиграните противници.
Ова беше најлош одигран меч за избраниците на Марјан Србиновски во подготвителниот период за Европското првенство, но има од што да се извлечат поуки и да се поправат грешките до почетокот во Загреб на 5.септември.
Интересно е тоа што кобен за нашата репрезентација беше охриѓанецот Чеди Осман кој постигна 24 поени со шут за тројка 5/5. Боби Диксон додаде 12, а Коксал уште 11 поени. Во македонската селекција, прв стрелец беше Ричард Хендрикс со 18 поени, плус 11 скока, Војдан Стојановски додаде 15, а Владо Илиевски 12.
Македонија веќе овој викенд ќе има шанса за подобрување на играта бидејќи патува за Шпанија каде ќе одигра два контролни натпревара со една од најсилните репрезентации на стариот континент и најсериозен кандидат за првото место на Европското првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.