Анита Мурџани во последната фаза на лимфом паднала во кома, доживувајќи длабоко спознавање а потоа и чудесно излекување.
Во својата книга “Повторно родена” таа детално го опишува своето искуство и што значи да се живее автентично и без страв. Нејзината порака е дека е нужно сосема силно и со полно срце да се сакаме – себе си.
– Им удоволував на другите, ги ставав на прво место, пред сè и пред себе и се плашев да бидам автентична. Се обидував да бидам некој кој што не сум, исцрпувајќи се работејќи за другите. И секогаш мислев дека е себично да се следат сопствените потреби бидејќи туѓите се поголеми и поважни. Меѓутоа, кога сум јас реализирана, тогаш сум и поздрава, посреќна, давам повеќе од себе, а помалку ми е потребно за возврат. Исто така ми е јасно и дека ако постојано се обидуваме да бидеме некој кој што не сме, ја лишуваме планетата од нас самите.
Со овие зборови Анита ја започнува својата емотивна исповед за чудесното излекување кое што ѝ донело длабоки спознанија и го променило нејзиниот однос кон животот. Всушност, во месец февруари, во 2006-тата година, Анита била примена во болница во терминална фаза на карциномот. Таа паднала во кома и нејзините органи започнале да откажуваат. Лекарите му соопштиле на нејзиното семејство дека таа ќе живее само уште неколку часа. Но, она што никој од присутните не знаел, е фактот дека Анита токму тогаш доживеала неверојатно искуство блиско до смртта – near-death experience.
Во таа состојба таа можела да гледа, слуша и чувствува се што сè случувало околу неа. Анита доживеала ретко искуство. Таа преминала на другата страна, како што кажува самата, а потоа се вратила како би го споделила со нас она што таа го научила. Лекарите тоа утро ѝ прогнозирале уште само неколку часа живот, а таа веќе следниот се разбудила. После неколку дена карциномот започнал да се повлекува.
Во интервјуто кое што таа го дала, непретенциозно и помалку шеговито таа го пренесува тоа што го научила од ова нејзино неверојатно искуство:
1. Не доживувајте го животот премногу сериозно.
2. Јадете чоколадо!
3. Почувствувајте ја сопствената величенственост.
4. Јадете уште повеќе чоколадо!
5. Уживајте во животот и правете го она што ви донесува радост.
6. Нека вашето секојдневие биде исполнето со она што ве прави среќни, а не со она што мислите дека би требало да го правите или со она што другите мислат дека вие би требало да го правите.
7. Живејте страствено и со многу љубов, а не во страв од неуспех.
8. Започнете го секој ден со некоја позитивна песна и пејте на глас.
9. Смејте се самите со себе, секој ден. Колку повеќе го практикувате ова, толку побрзо ќе достигнете нирвана.
10. Со секој поглед во огледалото, потсетете се дека сте совршено божјо дете, кое е тука за да си биде верно на себе си. Вашата единствена цел е да го живеете она што сте. Во обидот да бидете некој друг, се лишувате самите себе си.
11. Не оптеретувајте се премногу со тоа дали сте во право. Кога нашата единствена цел е да бидеме свои, тешко дека може да погрешиме.
12. Секој ден започнете го со јасна намера, оставајќи ги зад себе вчерашните емоции. Секој ден е празно платно на кое што може да насликаме сè што ќе посакаме. Така што наш е изборот дали сакаме своето платно да го обоиме со радост, љубов и насмевка, или страв, лутина, каење, тешкотии и загриженост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.