| четврток, 6 декември 2018 |

Се будите среде ноќ? Направете го ова и ќе заспиете повторно и лесно

Ноќ е, спиете, и одеднаш се будите, уверени дека е време за станување, а тогаш еден поглед низ прозор или на часовникот ве уверува дека не треба да станете уште најмалку неколку часа.

Ако ви е познато ова сценарио, тогаш знаете дека ова може да биде многу фрустрирачки кога во таква ситуација не можете да заспиете.

Што да се направи за повторно да потоенете во сон во ситуација кога телото ве „лаже“ дека е готово времето за спиење и треба да станете?

Ако се мачите со несоница подолго од 20 минути, станете од кревет, прошетајте по станот и направете го ова…

ОПУШТЕТЕ СЕ

Обидетете се со техника на опуштање, длабоко земете воздух и полека издишете. Можете и да медитирате.

НУРНЕТЕ ГО ЛИЦЕТО ВО СТУДЕНА ВОДА

Нурнете го лицето во студена вода на околу 30 секунди и задржете го здивот. На овој начин се создава рефлекс на нуркање кој ја успорува работата на срцето и го поттикнува срцето да се смири.

ИМАЈТЕ СЕКС

Разбудете го партнерот за да имате секс, ако е расположен/а. Во текот на сексот телото ослободува окситоцин, хормон на среќата и ендорфини кои се природни седативи.

ИЗЕДЕТЕ НЕШТО

Будењето сред ноќ може да биде предизвикано од пад на шеќерот, односно од хипогликемија. Изедете нешто малку за да го подигнете нивото на шеќер во крвта.

Сепак, не го правете ова секојпат кога ќе се разбудете сред ноќ, бидејќи така ќе го „научите“ телото и тоа ноќното хранење ќе го сфати како награда, па ќе го продолжи сценариото да го повторува секоја ноќ. Ако се сомневате на хипогликемија, секако треба да се обратите на лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top