Зимското засилување во редовите на Шкендија, Бразилецот Виктор Нилдо Јуфо заработи незгодна повреда на левото колено. Тој на вчерашниот тренинг ги скинал лигаментите и ќе мора да отсуствува најмалку шест месеци што е потврдено од лекарскиот тим на тетковскиот клуб.
Јуфо ќе мора да замине на операција, а потоа ќе следи и долг рехабилитациски процес. Тој дефинитивно ќе биде надвор од терените во наредните шест до осум месеци и би можел да се врати пред самиот крај на сезоната. Ова секако е голем удар за Шкендија, со оглед дека Јуфо е квалитетен фудбалер кој сигурно ќе му недостига на тренерот Шпетим Дуро во ростерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.