Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите кошаркари на МЗТ Скопје ја продолжи верноста со клубот на уште година. Тој денеска го одигра пријателскиот натпревар со Литванија во Каунас во рамките од подготовките за Европското првенство 2015 година, и растеретен ќе ја чека новата сезона и со сите сили ќе се насочи кон Загреб каде Македонија ги игра натпреварите во групата.
Преговорите меѓу МЗТ и Стојановски траеја повеќе од еден месец, за на крајот конечно да биде постигнат договор, па репрезентативецот да остане уште една година во „Јане Сандански“, клубот со кој освои три шампионски титули во низа во македонскиот шампионат.
Останувањето на Стојановски е втор ваков потег што го влече управата на аеродромци, која претходно успеа да го задржи и Марко Симоновски, а за очекување е во следните денови да биде ангажиран и најмалку уште еден домашен кошаркар.
Дамјан Стојановски минатата сезона нешто подоцна потпиша за МЗТ, а потоа следеше и тешката повреда на коленото поради која репрезентативецот го пропушти вториот дел од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.