Македонската кошаркарска репрезентација го загуби првиот натпревар по четирите победи во подготвителниот период за Европското првенство што започнува на 5.септември. На турнирот во Каунас, Литванија во првиот натпревар загубија од домаќинот со 62-68.
И покрај негативниот конечен резултат од таборот на стручниот штаб се задоволни од залагањето и играта во одбрана како и фантастичниот шут од далечина на македонските репрезентативци.
„Црвено-црните“ покажаа фантастична игра се до почетокот на последната четвртина кога водеа и со високи осум поени разлика, но во самиот финиш концтрацијата опадна и ги стигна заморот, со што мораа на крај да им честитаат на домаќините за победата.
Во текот на целиот натпревар шутот за три поени беше на завидно ниво и литванските кошаркари не знаеја од каде доаѓа најголемата опасност. Во серија погодуваа Костовски, Симоновски, Стојановски, Илиевски, Ѓуровски со што дава отпимизам кај селекторот Србиновски дека во нападот секогаш може да имаме располежни кошаркари за Европското првенство.
Војдан Стојановски со 14 поени беше најефикасен кај Македонија, пред Самарџиски со 13, Костоски со 11 и Симоновски со 10 поени.
Македонската репрезентација утре ќе се сретне со Турција во последниот натпреварувачки ден од турнирот во Каунас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.