| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу го врати мандатот за состав на влада во Турција

davut

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу го врати мандатот за состав на влада откако пропаднаа коалициските преговори.

Мандатот го врати на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган. Ердоган би можел да ја распушти привремената влада и да повика парламентарните партии за формирање нов привремен кабинет доколку договор не биде постигнат до 23 август.

Тоа значи дека до одржување предвремени избори наесен власта би ја делеле сите четири партии кои влегоа во парламентот.

Владејачката Партија на правдата и развојот го загуби парламентарното мнозинство по изборите во јуни за првпат од 2002 година откако дојде на власт и не може да состави влада самостојно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top