| четврток, 6 декември 2018 |

Лошиот почеток на сезоната го натера Роман Абрамович да го одврзе ќесето

По катастрофалниот старт во Премиер-лигата во поновата историја на тимот, сопственикот на Челси, Роман Абрамович ќе го одврзе ќесето и ќе се обиде да доведе врвни фудбалери до крајот на летниот преоден рок, кој истекува на 31 август.
Челси освои само еден бод во првите две кола од можни шест, по нерешениот резултат на „Стенфорд бриџ“ со Свонси и дебаклот во дербиот со Манчестер Сити.

Медиумите на Островот најавуваат дека Абрамович решил да му одобри на менаџерот Жозе Мурињо пари за нови три фудбалери, за да ја засили дополнително конкуренцијата во сите три линии од тимот.

Спортед најавите, во дефанзивниот ред Челси со сите сили ќе се труди да го купи Џон Стоунс, најдобриот млад дефанзивец во Англија и член на Евертон, а Мурињо во наредните неколку дена ќе треба да реши кои би биле потенцијалните засилувања за средниот ред и за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top