Легендарниот хрватски кошаркар и член за златната генерација на Чикаго булс, Тони Кукоч, се врати меѓу „биковите“ и ќе биде дел од управата на клубот.
Кукоч своите почетоци во кошарката ги направи во Југопластика со која освои три европски титули и со успех настапуваше за репрезентацијата на СФРЈ, премина во НБА-лигата во тимот на Чикаго булс со кој освои три шампионски прстени.
Тој ќе биде советник на претседателот на клубот, Мајкл Рејнсдорф. Негова функција исто така ќе биде и да го промовира клубот низ светот.
– Само неколку минути со Тони се доволни за да сфатите каков човек, всушност, е тој. Навистина ја ценам неговата страст, неговата личност, професионализам. Верувам дека со своето искуство Тони ќе има голем придонес во нашиот клуб и ќе биде вистински претставник – изјави Мајкл Рејнсдорф.
Кукоч настапуваше за Чикаго од 1993 до 2000 година, заедно со легендарните Мајкл Џордан и Скоти Пипен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.