| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Мамиќ го напушти потпреседателското место во хрватскиот фудбалски сојуз

zdravko mamic

Со официјално соопштение, Здравко Мамиќ се обрати кон јавноста дека е време да ја напушти потпретседателската улога во Хрватската Фудбалска Федерација, одлука која наиде на голема радост во Хрватска

Здраво Мамиќ не е повеќе потпретседател во Хрватската Фудбалска Федерација. Контроверзниот бизнисмен, кој е на мета на критики од медиумите и јавноста од оваа држава, одлучи да се повлече од оваа функција. Радосната одлука, како што велат Хрватите, која што беше објавена преку соопштение Мамиќ ја донел со тешко срце.

– Како што сите знаете, од јануари оваа година не сум претседател на Динамо. Тоа го сторив со цел клубот несметано да креира голема иднина. Сега од исти причини, со еднаква тага заминувам од местото потпретседател во Хрватскиот Фудбалски Сојуз. Не сакам да бидам причина поради која поединци ќе ги намалуваат успесите на моите колеги од сојузот и Динамо, кои со години се дел од успесите, кои ги радуваа граѓаните. Не сакам моето име да служи како изговор за нанесување на штета на угледот на хрватскиот фудбал кој со својата работа и резултати служи на чест на сите. За хрватскиот фудбал ја дадов и душата, а сега е време да се фокусирам на приватните работи, како и за тоа да ја докажувам мојата невиност – стои во соопштението на Мамиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top