Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини би можел да биде назначен за нов потпретседател на клубот откако беше обелоденето дека Адријано Галијани ќе си замине од Милан, а се најавува целосна реконструкција на највисокото раководство на „росонерите“.
Новите инвеститори во Милан планираат да направат коренити промени во клубот и да се постават нови лица во раководството на клубот, а во изминатиот период се споменуваа неколку имиња кои ќе го заменат Галијани на таа позиција.
Сепак, „Газета дело спорт“ тврди дека Малдини е во голема предност да се врати во клубот, што ќе биде пречекано со радост од навивачите на италијанскиот гигант. Долгогодишниот капитен, сепак, ќе има полни раце работа со оглед на фактот дека Милан е далеку од посакуваните игри и резултати, а додека ривалите забрзано чекорат напред, „росонерите“ назадуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим