| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во главниот град – избегаа слонот и слоницата од Скопската золошката градина

Специјални полициски сили, пожарникари и ветеринарни експерти се обидуваат вечерва да ги фатат  мажјакот слон и неговата партнерка кои што десетина минути пред полноќ избегале од градската золошка градина јавува новинарската агенција DONA.

Слоновите избегале откако предходно ја прескокнале оградата во знак на незадоволство од вечерата која што им била обезбедена од управата на золошката.

Според извори во „ЗГ Скопје“ мажјакот кој вработените го нарекуваат Барон  кој вообичаено е мирен најпрвин ја урнал оградата од делот предвиден за живот на слоновите а потоа ја прескокнал и големата ограда по што преку градскиот парк се упатиле кон хотелот Александар Палас каде деновиве се одржуваат Циркуски претстави.

Заедно со Барон избегала и женката Јулија додека десетмесечното слонче Џамбо не сакало да замине и останало во золошката градина.

Се претпоставува дека слоновите преку сетилата за мирис почувствувале дека во близина има други слонови и сакале да им се придржужат.

Откако силни полициски и ветеринарни сили на влезот на паркот кај кафеанат Меана Б ги спречиле да дојдат до циркусот „Балкански“ слоновите го минале Вардар кај Влае и продолжиле кон Ѓорче Петров.

Полицијата на помош ја повикала и Армијата на Република Македонија а понуда за помош е добиена и од силите на НАТО на Косово.

 

 

 

Сите права воздрржани - Денеска е Први Април ден на Шегата

 






Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top