| четврток, 6 декември 2018 |

Еврејските гробишта во Битола ќе станат меморијален парк

Еврејските гробишта во Битола ќе станат меморијален парк- тоа е фокусот на потпишаниот Меморандум за соработка, помеѓу градоначалникот на Битола, д-р Владимир  Талески, неговата екселенција Дан Оријан, израелски амбасадор во Македонија и раководител на одделот за Балканот и Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент – АРХАМ од Битола. Проектот предвидува прво симболично засадување дрвја, а нивниот број ќе биде еднаков со бројот на еврејските семејства што некогаш живееле во Битола, конзервација на еврејските гробишта, подигнување на јавната свест на локалната заедница за значењето на оваа урбана целина и промоцијата на овој историски споменик за сите посетители на градот, а особено за Евреите од целиот свет; создавање платформа за проширување на партнерите во овој проект со соодветни национални и меѓународни институции, меѓународна промоција на овој историски простор, со што ќе се придонесе во зацврстување на пријателството,  соработката и меѓусебното разбирање меѓу македонскиот и израелскиот народ.

Овој меморандум беше финале на сите други дипломатски и културни активности, кои што во рамките на „Бит-фест“ се реализираа со соработката на израелскиот амбасадот Дан Ориан и битолскиот градоначалник Талески, а во Музејот беше премиерно претставена и изложбата „Еве сум“- Израелските предели во илустрациите на детски книги издадени од 1948 до 2014 година. Изложбата ја пренесува пораката за изградбата на свеста на националниот идентитет, преку сликовниот јазик на детските илустрации. Куратор на изложбата е еминентната израелска илустраторка Лиора Гросман. Лиора Гросман е графички дизајнер и илустратор, како и поранешен професор по уметности на неколку угледни израелски уметнички академии. Работела и како илустратор за водечките весници и списанија на Израел, за бројни издавачки куќи на книги за деца и млади во Израел и пошироко. Нејзиното резиме брои над 150 илустрирани книги, многубројни илустрации за разни рекламни кампањи, како и кураторство над неколку меѓународни изложби на израелската детска книга со предавања во САД и во Јужна Америка. Изложбата, која е подготвена на македонски јазик премиерно се поставува во Битола,за публиката на „Бит-фест 2015“. Госпоѓата Лиора Гросман, во својот осврт за значењето на детската илустрација во градењето на идентитетот на генерациите што доаѓаат, подвлекува: „Фасцинантно е да се истражат невидливите конци што ги поврзуваат илустраторите на детски книги од сите историски периоди и потоа да го дефинираме ова недофатливо нешто, кое што е ’Ние‘“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top