| четврток, 6 декември 2018 |

Каков вел ви одговара според обликот на лицето (ФОТО)

84eec832d0e3bc8348abca2f930fcd65

Доколку имате лице во облик на дијамант или овален облик, нема да згрешите со изборот без оглед на тоа каков вел ќе одберете, бидејќи сите ви прилегаат. Исто така, лентите преку чело може да бидат супер избор за вас.

Доколку имате издолжен облик на лице, треба да носите вел кој доаѓа во комбинација со тиара или венче. Фризурата во тој случај треба да биде подигната во висока пунџа.

Ако лицето ви е во срцевиден или триаголен облик мора да одберете модел на вел кој го открива лицето. Пожелно е да има некои детали во предел на темето на главата.

Четвртастото или правоаголно лице треба да го „омекнете“, а тоа ќе го постигнете со долг вел кој благо го допира лицето. Ако не сте љубителка на долги велови, тогаш изберете детали од чипка.

Ако вашето лице има округла форма тогаш треба и фризурата да ја прилагодите на формата на лицето. Во тој случај неопходни се шишки, а еве каков треба да биде велот:

 Извор: Bride mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top