| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј конечно го победи Ѓоковиќ

Енди Мареј го освои мастерс-турнирот во Монтреал откако во финалето синоќа го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ по долга борба со 2-1 (6-4, 4-6, 6-3) во сетови.
Шкотскиот тенисер конечно го најде лекот за Ѓоковиќ бидејќи имаше нанижано осум порази по ред.
Уште од самиот почеток Мареј покажа дека ја посакува титулата на Роџерс купот правејќи брејк уште во третиот гем и по поведе со 4-1. При сервис на Ѓоковиќ во шестиот гем Мареј пропушти уште две брејк-топки, по што тоа го искористи Ноле и измрани на 4-4. Во клучен момент за првиот сет Мареј направи уште еден брејк и заслужено го освои сетот.

Во вториот сет најдобриот тенисер во светот конечно покажа дел од својот асортиман на удари и експресно дојде до брејк и поведе со 2-0. Подоцна Мареј го врати брејкот, но немаше сили да дојде до комплетен пресврт.

Кога сите очекуваа Енди Мареј да падне на психилошки план во третиот сет, се случи токму спротивното што досега не било својствено за него, одигра одличен сет и лесно успеа да дојде до 6-3 и до победа. Ѓоковиќ при резултат од 5-3 за противникот имаше две брејк топки, но Мареј со одличен сервис ги реши проблемите и заслужено го крена пехарот за победникот. Тоа беше трета титула во Монтреал по освоените во 2009 и 2010 година.

Мареј ќе се искачи на второто место на АТП-листата минувајќи го Роже Федерер, кој лани стигна до финалето во Монтреал (загуби од Цонга), а годинава воопшто не учествуваше на овој турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top