| четврток, 6 декември 2018 |

Крава побегна од кланица и стана хит на Интернет

крава
Во очајнички напор да ја зачува главата, една крава побегнала од кланица во Франција и успеала да избегне смрт, со што стана хит на Интернет.Благодарение на организацијата за заштита на животните, една млада крава во иднина ќе живее мирен живот на село, далеку од месарскиот нож. Кравата побегнала од кланица во Амбер, на југоистокот на Франција.

Таа избезумено побегнала низ ходниците на зградата и излегла надвор. Нешто подоцна е пронајдена во дворот на блиската болница, каде е успиена, што ја спасило од „егзекуција“, со оглед на тоа дека поради инекцијата месото станало неподобно за човечка употреба.

Стефан Ламар, лидер на групата за заштита на животните, собра 1.500 евра за откуп на кравата.

– Оваа крава е симбол. Таа е доказ дека животните имаат чувства и свест и оти можат да доживеат стрес и да ја почувствуваат смртта. Сакавме да и дадеме уште една шанса – рече Ламар.

Таа е наречена Корнет (Мал рог) и сега чека принова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top