| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Страцин: Со автомобилот удрил во крава, повредена сопатничката

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, синоќа се случила сообраќајна несреќа во која е повредена 50-годишна жена од Скопје, сопатник во возилото.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, во 18 часот и 15 минути возило марка „шевролет каптива“ управувано од Р.Н., роден 1970 година, кое се движело од село Страцин кон Крива Паланка, удрил во крава со предната лева страна на возилото, при што ја усмртил на лице место.

Незгодата се случила во момент кога сопственикот преминувал со кравите преку магистралата кај местото викано Чатал, автомобилот удрил во животното и го усмртил, а при ударот со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото, З.Н., од Скопје, родена 1967 година.

Со возило на Брза помош жената била пренесена во кумановската болница, каде биле констатирани лесни телесни повреди и е укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top