| четврток, 6 декември 2018 |

Браво Дунавка!

Сточарот Милисав Нешковиќ од Брусница кај Горни Милановац од една крава добил пет телиња, што ветеринарите го објаснуваат како научен феномен.

Кравата од расата “симентал” по име Дунавка е стара три години. Нешковиќ повикал ветеринар кога видел дека има нагон за телење, а останал шокиран кога после петнаесетина минути на свет стигнале пет телиња – две машки и три женски.

325906-bravo-dunavka

– Имам вкупно три крави и девет телиња, две претходно се облизнија”, рекол Нешковиќ.

Најстариот ветеринар во Горни Милановац, пак, Раде Јевремовиќ, кој оваа работа ја работел цели 47 години, за агенцијата Бета рекол дека досега не се сретнал со ваков случај, како и дека сега најважна била негата на телињата за кои е сигурен дека ќе се заинтересира и науката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top