| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар како гробница: И денеска леш изваден кај Камени мост (ФОТО)

krava1

Леш од крава утрово е фотографиран во реката Вардар во центарот на Скопје.

Фотографиите беа објавени утрово на Фејсбук, а граѓаните кои поминуваа во близина беа згрозени од настанот. Надлежните екипи се на терен и го вадат телото од Вардар.

krava-640x360

Ова не е првпат од Вардар да се вадат лешови, но најчесто се работи за мртви коњи, кои завршуваат во Вардар кај Нерези, откако чергарите ќе ги „погребаат“ со почести.

Освен мртви животни, во Вардар завршува и кабаст отпад, а најпозната е машината за перење, која исто така беше забележана кај Камениот мост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top