| четврток, 6 декември 2018 |

Познати се полуфиналните двојки во Монтреал, Ѓоковиќ преживеа, Надал прегазен од Нишикори

На Мастерсот во Монтреал ноќеска беа одиграни четврфиналните натпревари.
Првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето низ „иглени уши“ победувајќи го во три сета Ернест Гулбис (5-7, 7-6, 6-1).
Ноле се извлече во вториот сет во тајбрејк откако Гулбис имаше водство од 6-4 и две меч топки. Најпрвин го загуби својот сервис, а потоа мораше подаде рака на подобриот бидејќи Ѓоковиќ успеа да се врати во вториот сет и лесно да го освои третиот и да се пласира во полуфиналето.
Негов противник во полуфиналето е Жереми Шарди, кој победи во маратонот со Џон Иснер со 2-1 во сетови во три тајбрејка.

Рекордерот по бројот на освоени Мастерс турнири (29), Рафаел Надал загуби од четвртиот носител Кеи Нишикори со 2-6, 4-6. Нишикори досега имаше 0-7 во дуелите со Надал, но вели дека го сменил пристапот и дека затоа остварил триумф.

– Бев блиску да го победам во Мадрид, но денеска целосно доминирав. Дефинитивно ми требаше промена во мојата тактика против Рафа. Тој не уфрлаше многу први сервиси вечерва, така што знаев дека морам да бидам поагресивен на вториот. Сѐ функционираше добро и затоа сум среќен – изјави Нишикори.

Јапонецот во полуфналето ќе игра против Енди Мареј кој лесно со 2-0 (6-4, 6-4) во сетови го победи минатигодишниот освојувач Роџерс купот, Жо-Вилфрид Цонга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top