Дете на возраст од четири години шест дена било само во станот, чувајќи го лешот на својата мртва мајка. Полицијата во Њу Џерси го пронашла детето востанот, а во спалната соба лежел лешот на неговата мртва мајка кој веќе се распаѓал. Станот во предградието полицијата го пребарала откако соседите веќе пријавиле дека од станот се шири силна реа.
Кога полицијата влегла во станот, го нашле детето. Според првичните информации, детето, во станот било пет-шест дена без никаква храна. Во фрижидерот имало храна, ама тој не можел да ја досегне.
– Детето беше дезориентирано и неухрането. Женскиот леш го пронајдовме во спалната. Се чини дека детото се грижело за жената, бидејќи телото на жртвата било премачкано со лосион и крема. Многу, многу тажна слика – изјави еден од полицајците.
Детето со брза помош било веднаш пренесено во болница, а причните за смртта на жената треба да се утврдат по обдукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.