| четврток, 6 декември 2018 |

Пакет мерки на Владата за помош на настраданите од невремето во тетовско

Владата на семејствата чии домови се уништени или небезбедни за живеење ќе им плаќа ќирија додека штетата не биде санирана, за првичен период од шест месеци. Станува збор за околу 14 семејства. Комисијата за надомест на штетите на терен утврдила дека околу 6 објекти ќе треба да се рушат бидејќи не се безбедни за живеење

На денешната седница Владата донесе повеќе заклучоци со конретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните од настраданите места по невремето во Тетово и тетовско

-Земјоделците чии посеви беа оштетени од невремето ќе може да поднесат барања за проценка и надомест за настанатата штета до подрачните единици на МЗШВ, а повикот ќе биде објавен и ќе трае до 26 август годинава. Владата донесе одлука да отпоче доделувањето на еднократната парична помош во висина од 30.000 денари на најпогодените семејства од невремето. Во текот на денот списокот беше комплетиран и доставен до Министерството за финансии, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски кој додаде дека се работи за околу 350 лица.

Владата на семејствата чии домови се уништени или небезбедни за живеење ќе им плаќа ќирија додека штетата не биде санирана, за првичен период од шест месеци. Станува збор за околу 14 семејства. Комисијата за надомест на штетите на терен утврдила дека околу 6 објекти ќе треба да се рушат бидејќи не се безбедни за живеење.

-На барање на Дирекцијата за заштита и спасување, Владата донесе одлука за доделување на дополнителни 160.000 нафта кои се неопходни за механизацијата која се употребува на терен за да се продолжи со расчистување на настанатите штети од невремето. Дадена е и насока за интензивно вклучување на механизацијата на „Македонија пат“ за расчистување на штетите од невремето, додаде Пешевски.

ЈП „Македонски шуми“ во соработка со месното население, а доколку има потреба и во соработка со Министерството за одбрана ќе обезбеди материјали за изработка на времен дрвен мост во село Порој, на барање на локалното население.

Вицепремиерот потенцираше дека Владата продолжува со активно учество на терен и следење на состојбите, а доколку е потребно во следниот период ќе излезат и со дополнителни мерки.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири потенцираше дека соработката со населението е исто така од помош и значење за побрзо надминување на состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top