Утрото, на големиот празник Велигден, кој денеска го слават католиците, во Загреб падна даб стар повеќе од 200 години. За среќа, никој не е повреден.
Поради обилните врнежи , цела Хрватска мака мачи со поплавите. Топењето на снегот и новиот дожд кој паѓа го зголеми водостојот на реките, па поплави има насекаде. Се отвораат свлечишта и паѓаат дрва кои предизвикуваат огромни штети.
Поради денешниот снег, комуналните служби во источниот и југоисточниот дел на Чешка, во областите Моравија и Шлезија, имаат проблеми да ги одржат проодни патиштата. Поради снежните наноси и силниот ветер, кои претставуваат опасност за безбедноста на возачите, остануваат непроодни неколку локални патишта во Оломоуцкиот регион.
Како што соопшти полицијата, во моравско-шлескиот крај патиштата се проодни, но проблеми во движењето претставуваат неколку десетици сообраќајни незгоди. Во попладневните часови е затворен и дел од железничкиот сообраќај меѓу градовите Витков и Будишов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.