| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер го сопре Турново, Металург се радуваше на победа во Боговиње

Пелистер одигра одличен меч против Турново, нагости и освои голем бод во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани го изненадија фаворитот, на двапати водеа, но на крајот исходот е 2-2. Лазаревски и Рутевски од пенал му носеа предност на Пелистер, а со два гола, бод за второпласираната екипа во шампионатот, спаси Балдовалиев.

Во Боговиње, Металург славеше со 2-1 против Дрита. Стевановиќ и Мазнов во вториот дел погодија за скопјани, а почесниот гол за Дрита го даде Туневски.

Шкендија го победи Силекс во Кратово со 3-2. Јунак на тетовци, беше Музафер Ејупи со два гола. Последниот во 88. минута беше победоносен, за пробив на 5. позиција на табелата. Дури 4 гола паднаа во првото полувреме. Шкендија поведе со 2-0, со головите на Ејупи и Шаќири, а израмнија Стаменковиќ и Павловиќ. Во финишот Ејупи беше прецизен за победа на гостите.

Тетекс не се предава во обидот за продолжување на прволигашкиот живот и со 1-0 беше подобар од напредок. Натпреварот се играше во Скопје, во населбата Ѓорче Петров, а „текстилците“ славеа со голот на Јовановски во 15. минута. Вчера Ренова го победи Работнички со 3-1, а Вардар беше уверлив против Брегалница и освои три бода со триумф од 3-0.

Табела: Вардар 45, Турново 40, Металург 38, Напредок 35, Шкендија 32, Ренова 31, Работнички 30, Брегалница 28, Пелистер 25, Дрита 24, Силекс 18, Тетекс 16.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top