Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека нема ингеренции да го продолжи 45-дневниот краен рок за составување на влада, што се интерпретира како знак дека тој сака предвремени избори.
Тој наведе дека ќе ги преземе само неопходните чекори, според неговите ингеренции, во рамките на 45-дневниот рок.
Ердоган неколку дена по парламентарните избори на 7 јуни изјави дека предвремени избори ќе бидат неопходни ако Партијата на правдата и развојот (АКП) и Републиканската народна партија (ЦХП), кои освоија најголем број гласови не успеат да состават влада во рок од 45 дена.
На 9 јули Ердоган на лидерот на АКП, Ахмет Давутоглу му врачи мандат за формирање на влада, а рокот истекува на 23 август.
Според Уставот на Турција, ако не се формира влада во дадениот рок шефот на државата во консултации со претседателот на Парламентот може да распише нови избори.
АКП на изборите на 7 јуни првпат го изгуби парламентарното мнозинство од 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат